Eдна изрека вели дека сите сакаат да бидат Ирци на денот поссветен на Свети Патрик. Празникот посветен на заштитникот на Ирска одамна не е само локален празник. Луѓето ширум светот овој ден го земаат како повод да се развеселат и да се напијат по една кригла пиво…или повеќе.
На денот на Свети Патрик се е шарено и весело. Се носи зелено, се јадат традиционални компири со зелје и се пие Гинис или виски. Традиционални симболи на овој ден се детелина со три листа и зелената боја.
На денешен ден ирските семејства традиционално одат во црква. Големиот пост се прекинува на еден ден и луѓето танцуваат, пијат и јадат традиционални ирски јадења.
Во последните години и во Скопје владее зеленото на овој ден. Главното собиралиште за Ирците во земјата, но и за сите оние што сакаат со нив да прослават со пиво и ирски специјалитети, главното собиралиште е ирскиот паб на Кејот на Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


