Компанијата „Ер Србија“ најави дека во јуни годинава ќе воведе три лета неделно од Белград до Охрид. Летовите ќе бидат во понеделник, среда и петок, со турбоелисен авион АТР со 66 седишта.
Нациолната авио-компанија на Србија ќе го зголеми бројот на летови од Белград кон Дубровник, кои ќе одвиваат секој ден, како и фреквентност на летови за Пула со воведување петти неделен лет.
Како што соопшти компанијата, кон Тиват ќе бидат воведени два дополнителни лета неделно, така што во летната сезона на релација Белград – Тиват ќе има 30 повратни летови неделно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.