Ноќта помина без кампување пред Уставниот суд, и покрај најавите дека СДСМ ќе остане цела ноќ пред судот, сакајќи да изврши притисок врз уставните судии. Контра-протестантите на СДСМ се повлекоа пред илјадниците граѓани кои си ги бранеа институциите. Дел од оние кои излегоа на протест кој го организираше СДСМ се разочарани, сметаат дека ова синоќа беше уште една неуспешна епизода и дебакл на СДСМ. По само два часа СДСМ и контра-протестантите се повлекоа откако наидоа на илјадниците народ кој им се спротивстави.
Бројката на присутни граѓани кои дојдоа во поддршка на иницијативата на ГРОМ за одбрана на институциите постојано се зголемуваше. Проценката е дека таа бројка достигнала 15 илјади граѓани. Тие, како што посочи лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, застанаа во одбрана на Уставниот суд и се спротивставија на црното сценарио на СДСМ за рушење на демократијата и институциите.
Реки народ од секаде поминуваа и го заокружија Уставниот суд. Народот сложно и обединето се спротивстави на тортурата на СДСМ и нивните контра-протести кои завршија со целосен дебакл.
Некои медиуми објавија дека СДСМ носела луѓе од Струмица и Куманово, најголемиот дел од нив вработени во претпријатијата и општинската администрација кои присилно и со закани по своето работно место допатувале во Скопје
Автобусите паркирани по главните скопски булевари со кумановски и струмички таблици сведочеа за присилното собирање на народ. Нервозата кај нив беше видлива. Како што пишуват дел од медиумите биле присутни и луѓе кои со списоци ги бележеле присутните. Исто така, ножеше да се забележат три поголеми групи кои се одвојуваат, едната од Куманово, втората од Струмица и третата вработени од Општина Центар.
Еден од присутните искоментирал „ова е со цел подобро да не пребројат, мора да присуствуваме инаку тешко нас, отиде работата, а таа ни е се’“.
Новинарите кои беа присутни на вчерашните протести и контра-протести велат дека луѓето не сакале во камера да зборуваат, но зад камерите коментирале: „Во Струмица со Заев тешко се живее“.
Аналитичарите пак велат незадоволството на граѓаните се гледа и во анкетите за мерење на рејтинзите. Во четвртата изборна единица негативното мислење за струмичкиот градоначалник Заев преовладува, при што над 65 проценти негативно се изразуваат за опозицискиот лидер.
Критики упатени и на сметка на заменскиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Коментарите беа дека тој ги става партиските пред државните интереси. Наместо да се грижи за состојбата со јужната граница вчера негова главна преокупација беше рушењето на институциите. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев пак не се појави на седницата на националниот совет за безбедност. И нему главен фокус му беше собиранката која ја направија неговите во надеж да го завземат Уставниот суд.
Беа објавени информации дека меѓу присутните контра-протестанти на СДСМ има лица со црни маски, ниту хулигани и лицата со дебело криминално досие. Но сепак, и покрај црните сценарија, победи народот и не дозволи да се остварат ниту заканите, како оние, на пример, на Едмонд Адеми од СДСМ, скоро вработен во МВР.
Граѓаните кои се собраа пред Уставен за да ги одбранат институциите не дозволија да се остварат ниту пак најавите за упад. Соросовиот активист Славчо Димитриевски пред неколку дена на судиите им се закани дека ќе ги влечеле за уши и на клоци ќе ги избркале од Уставниот суд.
–На крстови, на орли, на лавови и на какви се не измислици. За уво ќе ве влечеме и на клоци ќе ве истераме од оваа врата! Ова не е уставен суд, ова е у**ан суд!, изјави Димитриевски.
Граѓаните кои вчера излегоа за да ги одбранат институциите, УСтавот и државата и денеска беа пред Уставен суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уставниот суд на 19 септември ќе ги разгледува иницијативите за поништување на одлуката за распишување на референдум
-
СМК поднесе инцијатива до Уставен суд за поништување на одлуката за референдум
-
Уставниот суд ќе постапува по одлуките на Аеродром и Радовиш за референдум за населување мигранти
-
Пренџов: Побаравме од Уставниот суд да укаже на нелогичноста во законите за локална самоуправа