Францускиот институт во Скопје в сабота, 19 март, во Младинскиот културен центар, организира низа активности во чест на одбележувањето на Фракофонијата во Македонија.
Во 12:00 часот, во холот на Младинскиот културен центар во Скопје, манифестацијата насловена како „Франкофонијата ти отвора врати!“, ќе биде отворена со пригодните говори на на Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадорка на Франција во Македонија, и г-дин Коце Трајановски, Градоначалник на Скопје , со што воедно ќе се отвори и Саемот на франкофонски компании и институции во Македонија.
Прославата ќе биде одбележана низ следниве активности :
– од 10 до 12 часот : интерактивни работилници и забавни активности за средношколци и студенти,
– од 10 до 14.30 часот : Саем на франкофонски компании и институции во Македонија,
– од 12.30 до 14 часот : предавање на еминентниот гостин, г-дин Ив Монтене, специјалист по геополитика и менаџер, на тема „Франкофонијата и глобализацијата“,
– од 14.30 до 16 часот : натпревар по франкофонски театар, и
– 20.30 часот : концерт на групата „Фолтин“.
Сите активности ќе се одржат во Младинскиот културен центар. Влезот на сите настани е отворен, а бесплатни влезници за концертот на „Фолтин“ се резервираат во Францускиот институт во Скопје, на culture@ifs.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.