| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија бара повеќе пари од ЕУ за Македонија

Австрија планира да и додели техничка помош на Македонија со цел да и помогне да ги обезбеди своите граници со Грција, пренесува денеска германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне цајтунг“.

avstr

Министерот за одбрана на Австрија Ханс Петер Доскозил покрај помош за Македонија најавува асистенција за Бугарија.

– Миннистерството за одбрана во моментов анализира дали можеме да помогнеме со техничка опрема како средства за ноќно набљудување, изјавил Доскозил за весникот „Ди Велт“.

Според него, бегалската рута преку западниот Балкан мора да остане затворена, а Македонија треба да добие повеќе пари од ЕУ за своите напори да ја обезбеди границата и да спречи трансфер на бегалците кон Унијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top