| четврток, 6 декември 2018 |

„Во боите на барокот“-концерт на Македонска филхармонија со солистот Дритон Гаџа

„Во боите на барокот“ е насловен концертот, што под диригентство на маестро Борјан Цанев, овој четврток, на 17 март, во 20 часот, во Домот на АРМ, ќе го одржи Македонската филхармонија. Како солист ќе се претстави македонскиот виолист Дритон Гаџа, кој веќе неколку години наназад живее и работи во Германија и активно настапува на европските сцени соработувајќи и со престижни камерни и симфониски оркестри.

Солистот на виола во оваа пригода ќе ги изведе Концертот во G-dur од Георг Филип Телеман, дело кое претставува силен предизвик за репродуктивните уметници, како и романтичниот Концерт во c-moll од Јохан Кристијан Бах.

Гаџа е роден во Скопје, во 1978 година, а неколку години живее и работи во Германија. Во светот на музиката влегол на петгодишна возраст кога започнал да посетува часови по виолина во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Седум години подоцна во истото училиште, во класата на проф. Љупчо Соколов, се префрла на виола и полека почнува да ги открива тајните и на овој инструмент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top