| четврток, 6 декември 2018 |

Уште денеска дожд, од утре стабилно и суво

облачноВо текот на претпладнето ќе имаме облачно време со локален слаб дожд, а на планините со слаб снег. Кон крајот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Температурата во интервал од 6 до 11 степени.

Во Скопје променливо облачно претпладне со појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Температурата до 11 степени.

Уште денес ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд со послаб интензитет, а на планините ќе има слаб снег, особено претпладне. Потоа во наредните денови ќе биде стабилно и суво освен во петок попладне кога во југозападните делови ќе има услови за развој на конвективна облачност со локален дожд. Утринските температури и понатаму ќе се задржат околу нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top