| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: СДСМ спроведува сценарио, насилен влез во Уставниот суд за бегство од изборите на 5-ти јуни

Претседателот на ГРОМ Стевче Јакимовски кој го предводи контра-протестот пред Уставниот суд, како што вели, во одбрана на Судот, а за да го спречи протестот на граѓанските организации поддржат од опозицијата, вели дека протестот бил дел од некакво поголемо сценарио кое требало да се спроведе за да се одложат изборите кои се закажани за 5 јуни.

-Тоа сценарио веќе одамна е напишано, сценарото беше да се влезе насила во Уставниот суд, да се направи овде хаос, дека практично со тоа се руши уставниот поредок. Во исто време бегалците да влезат преку граница и во Македонија да настане безбедносен хаос. Тоа сценарио уште трае со цел да се создаде ситуација во која во Македонија не постојат безбедносни и институционални услови за да се извршат изборите на 5-ти јуни. Но, јас сум убеден дека тоа нема да го дозволиме, истакна Јакимовски во изјава за ТВ Нова.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top