| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува ревија на италијанскиот филм

Почна шесеттото издание на филмската ревија „Прозорец кон италијанскиот филм“ во Кинотеката на Македонија и ќе трае до 20 март во организација на Амбасадата на Италија. Годинашната ревија, на која ќе бидат прикажани седум комедии и драми, почна со филмот „Златно момче“ од Пупи Авати, еден од најплодните италијански режисери.

Il-giovane-favoloso-2014-mario-martone-004
Денеска во присуство на амбасадорот на Италија во Република Македонија, Ернесто Масимино Белели, ќе биде официјалното отворање со филмот „Извонредниот Џакомо“ од режисерот и сценарист Марио Мартоне. Филмот се фокусира на животот на поетот Џакомо Леопарди, а беше прикажан во официјална конкуренција на 71. Меѓународен филмски фестивал во Венеција.
Прозорецот на италијанскиот филм се затвора со проекцијата на филмот „Патување наречено љубов“ од Микеле Пласидо, кој раскажува за мачната љубовна приказна меѓу писателката Сибила Алерамо и поетот Дино Кампана.
Сите седум филмови се со превод на македонски јазик, а проекциите се со почеток од 20 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top