Едно лице е убиено и е предизвикана материјална штета, по експлозијата на автомобил во Берлин, соопшти германската полиција. Експлозијата се случила додека возилото било во движење. Според изјави на сведоци од силината на експлозијата автомобилот се кренал во воздух.
Полицијата испитува дали има експлозив и во другите возила во околината.
Нема податоци за убиениот возач, ниту за самиот напад. Не се знае дали станува збор за терористички напад или пак за напад врз возачот, поради причини што истрагата на полицијата сега треба да ги открие.
Безбедносните сили го блокираа целиот кварт каде експлодира возилото, а на луѓето кои живеат во тој дел од Берлин им е наредено да останат дома и да не ги отвораат прозорците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.