| четврток, 6 декември 2018 |

Последниот воз за УЈП (ФОТО)

„Километарски“ редици и гужва во Гратскиот трговски центар пред дирекцијата на Управата за јавни приходи. Денеска истекува рокот за доставување годишни даночни пријави за остварен дополнителен приход во текот на 2015 година.

Годинава во Управата за јавни приходи очекуваат да бидат поднесени 400.000 пријави. Голем број од нив се понесуваат денеска. Како и секоја година, граѓаните чекаат до пет до дванаесет за да ја завршат оваа задолжителна обврска.

12443721_10154794849073881_371662353_o

Годишна даночна пријава (ГДП) задолжително се поднесува за остварен приход освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, приходи од кирии од издавање имот – закуп или подзакуп, авторски права, индустриска сопственост; исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од наградна игра во износ поголем од 5.000 денари, приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни.

Годишна даночна пријава треба да се поднесе и за лични примања од странство, работно ангажирање во амбасада, мисија на меѓународна организација…, приходи остварени преку интернет како е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страни на пример www.freelancer.com, www.upwork.com, поставување реклами на сопствени интернет страни, прогнози на типови за спортски натпревари и други дополнителни приходи, надвор од редовнаta плата или пензија.

12596550_10154794850243881_1257237672_o

Граѓаните кои во текот на минатата година оствариле приходи по основ на надомест од договори за дело, авторски договори и други договори за кои постоеше обврска за плаќање социјални придонеси за т.н. „хонорарци“ согласно одредбите на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување во примена од 1 јануари 2015 до 31 јули 2015 година, потребно е да ги искажат соодветно и во годишната даночна пријава, во зависност од видот на исплатата.

12837519_10154794848778881_1048818644_o

Годишната даночна пријава е бесплатна и може да се преземе од веб страницата на УЈП, а може да се достави дирекно во УЈП, преку пошта или електронски.

Фото: Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top