Никола Маџиров на 16 март ќе чита во најпопуларната книжарница во Париз „Шекспир енд компани”, како учесник на вечерниот настан „Поезија во превод”. Тој ќе се претстави со стихови на македонски, англиски и француски јазик од книгата „Остаток од друг свет” објавена во САД и Велика Британија. Освен Маџиров, поезија ќе чита и еден од преведувачите на Рилке, Шејмас Хоган.
Вечерта на 17 март, Маџиров ќе настапи на Саемот на книгата во Лајпциг, како член на Европското жири за 2015 година на „Европската асоцијација на книжевници“ со седиште во Париз. Освен Маџиров, ќе читаат и автори од Исланд, Данска, Велика Британија и Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.