Пожар избувнал во една семејна куќа на улицата “Крушевска Република во Струмица. Огнот се појавил синоќа околу 21 часот,. кај “кружниот тек“ , а ги зафатил и кровните конструкции на три куќи кои се една до друга.
Информацијата за Радио СтрумицаНет ја потврдил командирот на Струмичката противпожарна единица, Мијалчо Крстев. Во пожарот нема повредени, само е причинета материјална штета. Во акцијата на гаснење на пожарот биле ангажирани две противпожарни возила со 9 пожарникари.
Надлежните служби дополнително ќе ја утврдуваат причината за пожарот и материјалната штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.