| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: СДСМ често го менува ставот за Законот за помилување

ustaven sudВМРО-ДПМНЕ има непроменет став околу Законот за помилување, односно останува ист како и во 2009 година. Тогаш кога поднесовме измена на законот со која побаравме укинување на одредени можности на претседателот поврзани со помилувања на одредени категории лица, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

По најавите на опозицијата дека ќе се приклучи на протестот пред Уставниот суд, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека СДСМ е тој што има променлив став околу Законот за помилување.

– Тогаш СДСМ беше против и жестоко се спротивстави во парламентот. Денес, ВМРО-ДПМНЕ го има истиот став како во 2009 година, меѓутоа се промени ставот на СДСМ. Тие што во минатото жестоко го бранеа останувањето на можноста за помилување на тие категории лица, денес бараат тоа да не се врати, што значи дека во нивниот став има некоја причина и манипулација. Зошто инаку толку често за една иста работа би го менувале ставот- истакна Никола Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top