| четврток, 6 декември 2018 |

500 нови барања за легализација на дивоградби во Дебар

legalizacija divogradbi

Во секторот за урбанизам во општина Дебар доставени се нови 500 барања за легализација на дивоградби, по усвојувањето на измените и дополнувањата на Законот за третман на бесправно изградени објекти.

Раководителот на секторот за урбанизам Петрит Пачуку информира дека станува збор за објекти изградени до 2011 година. Бидејќи рокот е до крајот на месецов се очекува бројот на нови барања да биде поголем.

Пачуку апелира до сите дебарани што сакаат да достават барање да го завардат рокот, 31март, но и до тие што не ги докомплетирале документите тоа да го сторат, за што крајниот рок е 31 декември годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top