Шесте месеци од работењето на специјалното јавно обвинителство Kатица Јанева треба во форма на извештај да ги достави денеска до Советот на јавните обвинители и до Собранието на РМ. За сето ова време јавноста малку слушна од Јанева за нејзината работа и на тимот соработници. Поточно еднаш, пред околу 1 месец, кога веројатно првпат во историјата на Македонија, отворањето истрага за одредени случаи преку т.н. предмет „Титаник“ беше најавено на прес-конференција. Претходно Јанева беше повеќе присутна во јавноста преку фотографии со странските амбасадори, преку соопштенија за нејзините средби со бриселската тројка Иво Вајгл, Едвард Kукан и Ричард Ховит, па одделни соопштенија за средби со секој странски фактор што во улога на посредник или олеснувач, се најде во земјава изминатиот период, пишува Дневник.
Средбите во сите случаи беа кусо опишани: Јанева добива поддршка за сработеното, но и за да истрае во предизвиците со кои се соочува. За какви предизвици зборувала Јанева, таа никогаш не проговори, односно не објасни зошто една обвинителка има потреба на странски дипломати да им ја објаснува својата работа. Средби без детали Единствени детали од средбите јавноста можеше да види преку фотографиите. Едната објавена пред околу еден месец на твитер-профилот на евроамбасадорот Аиво Орав, кога тој се пофали со фотографија на Јанева со десетина амбасадори од Франција, Холандија, Германија, Шпанија и други, и порака дека ~ даваат поддршка. Претходно, во декември, за уште една средба јавноста разбра од фејсбук-профил, овој пат на австралиската амбасадорка, на која Јанева е заедно со странските дипломати што ја покриваат Македонија од Србија, и порака дека „Јанева ги информирала за својата работа“. За ваквите средби немаше најави ниту од амбасадорските канцеларии, а уште помалку од СЈО. Оттаму молчеа за тоа на чии покани се одржале средбите, кој бил поводот, за што се разговарало итн. 6 месеци молк за важни прашања Детаљни информации немаше ниту за последната средба на специјалната обвинителка со заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент, Брајант Хојт Ји. Само беше соопштено дека било разговарано за „предизвиците со кои се соочува ова јавно обвинителство во реализација на своите законски надлежности, како и за важноста од обезбедување на услови за негово непречено работење“. Kако и за тоа дека Kатица Јанева во оваа пригода ја потенцирала „важноста на меѓуинституционалната соработка во насока на сузбивање на криминалитетот“. Средбите и реферирањето пред странските дипломати не беа единствените тајни на СЈО. Многупати на важни прашања упатени на официјалниот имејл на обвинителството не добивавме одговор. На пример, во врска со дисциплинската постапка што треба да се води за обвинителката од СЈО која вршела притисок на судија од Управниот суд, потоа за отстранувањето на двете обвинителки од тимот на СЈО, па и за записникот во врска со материјалите од нелегалните прислушувања кои на 30 декември ~ ги предаде лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во врска со последново, претседателот на Советот на јавните обвинители Петар Аневски, пред кого таа одговара за својата работа, оцени дека е „уште еден минус“ за Јанева оти не му доставила извештај во врска со записникот. Иако Аневски најитно побара да го добие, неговата колешка до овој момент не му го достави. Сепак, последната изјава на Аневски за „Дневник“ беше дека нема да поведува никакви постапки против Јанева с` додека денеска не го види шестмесечниот извештај што очекува таа да му го испрати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Министерот покрена постапка против романската обвинителка Ковеси, другарката на Катица
-
Катица Јанева: Покренуваме обвинение против пајакот
-
Скандалозна кражба на клуч за време на претресот на СЈО во домот на судијата Панчевски (видео)
-
Маневски: Треба да се избере професионален јавен обвинител, а не некој како Јанева