Тонирањето и пилингот на вратот и градите ви помага да ја вратите во форма кожата која страдала најмногу поради сонцето. Специјализираните креми се често непотребен трошок.
Кремата со која обично се негувате, ако е со квалитетен состав, сосема добро го негува вратот и градите. Само треба да имате на ум дека кожата на вратот и деколтето често е изложена на сонце, па е повеќе чувствителна и побрзо старее, особено ако не користите крема со заштитен фактор од сонце.
Покрај тоа, кожата на вратот и градите е потенка, па кремите за вратот и градите обично се повеќе концентрирани и посилни од оние за лицето.
Но и некои креми, кои содржат ретинол, се покажале како многу добри за градите и вратот. Чистењето, тонирањето и пилингот на кожата, продолжете го и кон вратот и деколтето. Отстранувањето на мртвите клетки најмалку еднаш неделно ќе ви овозможи подобро да се апсорбира кремата.
Важно е да се бидете само упорни и ќе имате деколте од соништата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.