Ова е листа на 7 здрави продукти кои му се пријатели на вашиот организам.
Печурки
Вкусен месен производ кој може да биде извонредна нискокалорична замена за црвеното месо. Печурките го регулираат нивото на естрогенот кај жените и штитат од рак на дојка.
Ореви
Неверојатен продукт богат со омега 3-масни киселини, кои го намалуваат лошиот холестерол, а го регулираат добриот.
Интегрални тестенини
Најздрав облик на тестенини што содржат три пати повеќе влакна од кои било други. Житните растенија од цело зрно многу се здрави за вашиот организам и за метаболизмот.
Путер од кикиритки
Овој продукт е богат со протеини содржат мононезаситени (олеински) масни киселини, кои се многу добри за срцето. Путерот можете и сами да го направите.
Варено млеко
Вареното млеко содржи 9 есенцијални нутритиенти, меѓу кои се калциумот, Б-витаминот, кој е добар за невролошката функција, и Д-витаминот, кој е борец против ракот.
Боровница
Ова суперовошје богато со влакна е извонреден антиоксиданс и исклучително користен за јакнење на крвните садови. Боровницата е и одличен извор на витамин Ц, биофлавоноиди, фолна киселина, калиум, калциум и на железо.
Леќа
Леќата се вбројува во групата зрнести мешунки. Не содржи заситени масти, ниту штетен холестерол, а е извонреден извор на влакна. Позната е како енергетски продукт поради големата концентрација на витаминот Б и многу големото количество јаглеродни хидрати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.