Неколку илјади луѓе се собраа на Новите гробишта во Белград за последен пат да го испратат славниот актер Драган Николиќ на вечно почивање.
Како што јавуваат српските медиуми, редица граѓани чекаа да влезат во капелата да му се поклонат и да се простат од великанот Николиќ кој ќе биде погребан во Алејата на заслужни граѓани.
На денешната комеморација присуствувале голем број негови пријатели, колеги и почитувачи, како и членови на државниот врв.
Драган Гага Николиќ почина по долга и тешка болест на 11 март во 73-тата година од животот. Оствари над 100 улоги, без кои не би можела да се замисли српската филмска и театарска уметност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Карлеуша не се одвојувала од Душко на погребот на татко му!
-
И во осмата деценија од животот не се предава: Бил Клинтон не го симна погледот од Аријана Гранде
-
Погребот на Арета Френклин закажан за 31 август во Детроит
-
И небото плачело: Молк на погребот на Миша Огњановиќ, a сите гледале во детал кој тера солзи на очите!