
Дисциплинската комисија на ФА реши да нема казна за Диего Коста, кој беше исклучен на дуелот од Купот на ФА меѓу Евертон и Челси, за судирот со противнички играч, но ќе има за одбивањето да го напушти теренот по добиениот црвен картон.
Коста во финишот на средбата заработи втор жолт картон, а за време на судирот со фудбалерот од средниот ред на Евертон, Герет Бари, се обиде и да го гризне противникот. Сепак, нема да има казна за ова.
ФА ќе му прогледа низ прсти за тој случај, но шпанскиот офанзивец ќе мора да одмора поради караницата со судијата и одбивањето да го напушти теренот. За него е поведена дисциплинска постапка, а наредниве денови ќе се знае и казната.
Челси загуби со 2-0 од Евертон, завршувајќи ги своите настапи во Купот на ФА .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка
-
Избегнат сериозен инцидент: Стотина полицајци се обидоа да се конфронтираат со #Бојкотирам, спречувајќи ги да протестираат пред Влада!
-
Инцидент на Тур де Франс, полициски солзавец ја прекина трката (ФОТО)
-
Инцидент на средбата Трамп-Путин (ВИДЕО)


