Поранешниот терорист бил уапсен во Лондон, бидејќи со двајца други исламисти фрлил бомба на куќата на лондонски бизнисмен, вредна повеќе од три милиони евра. Тие ја запалиле куќата на човек што објавил книга во која пишувал негативно за исламскиот пророк Мухамед. Тој сега тврди дека е „друг човек“ и дека свртел нов лист. Моментно води компанија што продава органски масла за брада, кои се продаваат во луксузни лондонски продавници. На веб-страницата на лондонското претпријатие, сопственикот напишал: „Тука сме да се погрижиме за тие што имаат брада, и ја носат со гордост“.
Тој изјавил дека неговото однесување, кога бил млад, било погрешно.
– Јас сум Британец, ова е мојот дом. Бев опкружен со погрешни луѓе и мојот живот е сега многу поинаков. Бев млад и мозокот ми беше испран. Никогаш не би го повторил тоа – вели поранешниот напаѓач, кој бил следбеник на исламскиот проповедник Абу Хамза, кој е познат по организирање протести против катикатуристите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст