| четврток, 6 декември 2018 |

Познат бомбаш-џихадист во Лондон продава органско масло

mirza-biznismen23-годишниот Абрар Мирза во 2009 година бил осуден на четири и пол години затвор поради терористички напад во северен Лондон. Сега Мирза има своја компанија и продава органски производи за брада.

mirza-fbПоранешниот терорист бил уапсен во Лондон, бидејќи со двајца други исламисти фрлил бомба на куќата на лондонски бизнисмен, вредна повеќе од три милиони евра. Тие ја запалиле куќата на човек што објавил книга во која пишувал негативно за исламскиот пророк Мухамед.  Тој сега тврди дека е „друг човек“ и дека свртел нов лист. Моментно води компанија што продава органски масла за брада, кои се продаваат во луксузни лондонски продавници. На веб-страницата на лондонското претпријатие, сопственикот напишал: „Тука сме да се погрижиме за тие што имаат брада, и ја носат со гордост“.

mirza-maslaТој изјавил дека неговото однесување, кога бил млад, било погрешно.

– Јас сум Британец, ова е мојот дом. Бев опкружен со погрешни луѓе и мојот живот е сега многу поинаков. Бев млад и мозокот ми беше испран. Никогаш не би го повторил тоа – вели поранешниот напаѓач, кој бил следбеник на исламскиот проповедник Абу Хамза, кој е познат по организирање протести против катикатуристите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top