| четврток, 6 декември 2018 |

Поради овој ген ни белее косата

Научниците од Универзитетскиот колеџ Лондон го идентифкувале генот кој е одговорон за  белеењето на  косата. Го носат само луѓето со европско потеко, што објаснува зошто некои луѓе ја задржуваат природната боја на косата до стари години, додека други почнуваат да белеат уште во триесетите години од животот.

На научниците им е одамна познато како косата почнува да белее, а тоа е заради намаленото количество на пигментот меланин што се случува со стареењето, но досега не беа во можност да откријат зошто и што е уште поважно како да се спречи тоа.

За потребите на истражувањето биле испитувани геномите на повеќе од 6.000 лица од Латинска Америка, кои имале различно потеко – африканско, европско или потекнувале од домородните Американци.

Тие идентификувале 18 гени кои имаат влијание на косата – меѓудругото и на белеењето на косата, густината на брадата, на тоа дали косата ќе биде кадрава или права, па дури и на тоа дали веѓите ќе бидат споени.

Генот за кој е утврдено дека е поврзан со белеењето на косата се нарекува „IRF4“ и во претходни истражувања е докажано дека влијае на продукцијата на меланин. Но, ова е прв пат да биде поврзан со белеењето на косата.

Сепак, присуството на овие гени не ги контролира целосно карактеристиките на косата, бидејќи надворешните фактори имаат големо влијание на тоа дали ќе ни обеле косата, колку ќе биде густа, или ќе биде кадрава или права.

„Не значи дека ако имате таква генетска варијанта, косата сигурно ќе ви побелее. Тоа во основа само ја зголемува веројатноста во однос на општата популација“ – вели водачот на истражувањето Андре-Руиз Линарес.

Следниот чекор на истражувачите е да ја откријат специфичната улога што генот „IRF4“ ја има во стопирањето на продукцијата на меланинот, за да може евентуално да најдат начин да го успорат или спречат процесот на белеење на косата.

Покрај примена во козметиката, ова истражување може да им помогне на форензичарите и на полицијата да одредат како изгледа осомничениот врз основа на ДНК – на пример дали има побелена коса, или дали косата му е права или кадрава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top