| четврток, 6 декември 2018 |

Одрони и свлечишта на повеќе патишта низ државата

odroni-na-patotoПатниот правец Гевгелија – Марвинци кај клучка Марвинци поради излевање на каналите има вода на коловозот и се препорачува користење алтернативен патен правец, Удово – Валандово – Гевгелија и обратно, соопшти денеска Автомото сојузот на Македонија.

На патниот правец Делчево – Берово кај село Нов Истевник поради свлечиште сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од пет до шест метри. На местото поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Екипите на ЈП Македонија пат работат на расчистување на коловозот. Патниот правец Удово – Валандово поради излевање на Калковска Река има вода на коловозот која не е голема и се препорачува внимателно управување со возилата. Екипите на ЈП Македонија пат работат на расчистување и оспособување на коловозот.

Патниот правец А3 од обиколница Битола-Ресен од вчера е во прекин во двата правци поради свлечиште на патот. Како алтернатива сообраќајот е пренасочен преку градот Битола

Од АМСМ информираат дека прекин на една коловозна лента има и на патниот правец Катланово – Велес, на три километри пред наплатана станица Сопот поради карпа на брзата коловозна лента сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 100 метри. На местото поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Екипите на ЈП Македонија пат работат на расчистување на коловозот.

– Ј.П. Македонија пат ги расчистија свлечиштата на патниот правец Кочани – Делчево. Поради врнежите од дожд и можноста од повторно активирање на свлечиштата од превентивни причини патниот правец Кочани-Делчево останува затворен за сообраќај. Сообраќајот е пренасочен преку Виница-Смојмирово-Делчево, се наведува во соопштението на Автомото сојузот.

Вчера од 17 часот општинскиот пат село Долни Полог- Облешево пред Кочанска река е во прекин поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд. Од 10 март од 13 часот поради одрони на пат на Виничка раскрсница помеѓу селата Истибања и Калиманци блокиран е сообраќајот во двата правци. Сообраќајот се пренасочува преку Виница.

Според информација од ДЦС МВР од 12:20 часот вчера на регионалниот пат Берово – Виница кај местото викано „Обозна“ поради одрон на камења сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

На патниот правец Куманово – Крива Паланка кај село Страцин има свлечиште со кал и земја, со што е зафатена една лента од патот. Се препорачува внимателно возење и следење на поставената сообраќајна сигнализација. Екипите на ЈП Македонија пат интензивно работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на двете ленти за непречено одвивање на сообраќајот.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка кој не се задржува на коловозот.

Од АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top