Јавна благодарност до Владата на Република Македонија, после толку години со закон го регулиравме целиот статус каде пожарникарите се овластени служени лица во делот на безбедноста која ја работат, гасење пожар, спасување на луѓе. Презадоволни сме, Владата секогаш имала преголемо разбирање за се што треба, ова е коментарот на командантот на скопската протипожарна бригада, Благоја Менковски по објавата дека со ново законско решение пожарникарите добиваат и бенефициран стаж и статус на овластени службени лица од областа на безбедноста што е унапредување во однос на позицијата.
-Нашата работа е секогаш опасна, можам да кажам и најопасна од сите работи во делот на безбедноста. Ние никогаш не можеме да предочиме што би се случило со самото горење. Во разни опожарени простории има разни опасни материи, хемикалии, но работната задача на пожарникарот е таа, досега ја работел и отсега ќе ја работи истата работна задача. Сега имаме преголемо разбирање каде ова е законско регулирано каде пожарникарите веќе се службени лица во делот на безбедноста, на гасење пожар. И самиот пожарникар ако се најде на интервенција, бидејќи може да има повеќе интервенции во исто време, неговите овластувања да ги прими каде ќе треба да ја заврши работната задача, вели Менковски во изјава дадена за Курир.
Првиот човек на скопската противпожарна бригада додава дека бригадата чекори напред и во делот на опремата за работа и опрема за лична заштита на пожарникарите. Менковски истакнува дека Градот Скопје во секој сегмент може да одговори на секоја елементарна непогода, во делот на гасење пожар, спасување од вода, зачувување на безбедноста, бидејќи како што нагласува кога се работи за безбедноста на граѓаните секогаш стојат на располање.
Имено, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денес преку социјалните мрежи објави дека е исполнето уште едно барање на граѓаните, решавање на статусот на пожарникарите, со закон во кој тие добиваат и бенефициран стаж и статус на овластени службени лица од областа на безбедноста што е унапредување во однос на позицијата.
-Станува збор за барање кон кое сериозно се пристапи, беа направени детални анализи и искористени компаративните искуства од другите држави, при што беа изработени и усвоени измени на законот за пожарникарство со што се излезе во пресрет на барањето на пожарникарите. Имено со решението кое беше преточено во закон, а кое овој месец стапува во сила се реши барањето на вработените во сите територијални противпожарни единици кои сега добиваат статус на овластени службени лица од областа на безбедноста што е унапредување во однос на позицијата.
Со ова се овозможува и поголема заштита при извршувањето на нивните исклучително одговорни и значајни работни задачи и добивање на бенефиции и овластувања кој ги носи повисокиот статус. Покрај ова со законските измени, а согласно комплексноста, тежината и опасноста на работните задачи на пожарникарите, истите добиваат и бенефициран стаж, односно за секои 12 месеци ефективна работа ќе се сметаат 15 месеци стаж на осигурување. Имајќи ја во превид комплексноста на задачите кои ги обавуваат, како и ризикот на кој се изложуваат со оваа најнова измена практично се нуди долгорочно решение во корист на пожарникарите. Ова е добар и позитивен пример за тоа како отвореноста, блискоста со народот и реалниот пристап кон работите придонесуваат за системски решенија од интерес за граѓаните, пишува Груевски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.