| четврток, 6 декември 2018 |

Геретн Бери: Диего Коста не се ни обиде да ме гризне

diego kosta

Фудбалерот на Евертон, Герет Бери, застана во одбрана на Диего Коста потенцирајќи дека не бил гризнат од страна на фудбалерот на Челси во финишот од вчерашниот меч на „Гудисон парк“. Видео-снимките покажаа движење на Коста кон вратот на Бери кое наликуваше на гризење, по што медиумите го осудија однесувањето на голгетерот на Челси. Сепак, Бери ги демантираше ваквите гласини.

„Гледам дека има премногу шпекулации околу случувањата меѓу мене и Диего Коста. Сакам да се знае дека тој не ме гризна“ – порача Бери преку своите профили на социјалните мрежи.

По ваквиот развој на настаните, за очекување е Коста да биде казнет со само еден меч суспензија, поради двата жолти картони, без да биде покрената дополнителна дисциплинска постапка против него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top