| четврток, 6 декември 2018 |

170 загинати во земјотресот во Кина

kina zemjotresНајмалку 180 лица загинале и илјадници се повредени во земјотресот во кинеската провинција Сечуан со магнитуда од 6,6 степени според Рихетеровата скала. Спасувачките екипи се обидувале да стигнат до оддалечените зони што се изолирани од свлечишта од земјотресот.

Земјотресот предизвикал штети речиси на сите домови во реонот Баоксинг, чие население брои 58.000 лица. Оштетени биле дури и зградите, изградени по земјотресот со магнитуда од 8 степени од 1980 година, кога загинаа 70.000 лица.

Премиерот Ли Кечијанг го посетил реонот, настрадан од природната несреќа, за да провери како се одвиваат работите на отстранување на штетите.

Многу Кинези, кои живеат во зоната на земјотресот, ноќта ја минале под отворено небо, без храна, вода, облека и шатори, пред се од страв да се вратат во своите оштетени домови, од каде не можеле да си ги земат неопходните нешта, заради постојаните вторични потреси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top