Денеска не е важно, дури и непотребно е да амкате, носите портокали по роднини, да се најадете, препиете и разни други народни обичаи.
Суштината на денешниот празник е да побарате прошка од Бог, братот, пријателот, познат и непознат. Да се помирите со сите, за чисти да влезете во постот.
Најлошо ќе биде ако се оправдате пред себеси дека вие никому не сте згрешиле – бидејќи, НЕ ПОСТОИ човек кој не му згрешил на друг, па макар и несвесно!
Спасителу!
Научи ме да простувам од душа на сите, коишто со нешто ме повредиле.
Знам дека не можам да застанам пред Тебе со чувството на омразата која се крие во мојата душа.
Огрубено е, Боже, моето срце! Во мене нема љубов.
Ти се молам, научи ме да им простувам на оние кои ме повредиле, огорчиле и нажалостиле,
како што и Ти Сам, Спасителу,
им прости на Своите непријатели, на Крстот!
Амин!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.