| четврток, 6 декември 2018 |

Сириската војска напредува против Исламска држава

Војската на Сирија и нејзините сојузници остварија значителен напредок во борбата против терористичката организација Исламска држава во југоисточните делови на Алепо и сега се движат кон реката Еуфрат и околните региони во провинцијата Рака.

сирија

Сириската војска, со поддршка на провладината палестинска милиција „Лива ел Кудс“ (Ерсалимска бригада), Националните одбранбени сили и баталјон на Арапската социјалистичка партија Баас, го обезбеди јужниот брег на езерото Ел Масканах, соопшти иранската агенција Фарс, пренесува Танјуг.

Владините сили во четвртокот го зазеле главниот штаб на ИД во северноисточните делови на градот Ханасер, над кој сириската армија неодамна ја врати контролата.

Претходно, сириската војска и доброолните единици ја вратија контролата над пет села во непосредна близина на градот, кога загинаа и ранети се десетина терористи, додека нивните возила и воена опрема беа целосно уништени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top