Една од најубавите славни двојки, пејачот Адам Левин (36) и манекенката Бехати Принслу (26) го очекуваат своето прво дете. Тие се заедно од 2012 година, а во брак се последните две години.
Иако и двајцата се полни со обврски, Адам со својот бенд „Марун 5“, а прекрасната Бехати со ангажманите во „Викторијас сикрет“, веќе подолго време зборуваа дека и двајцата сакаат наскоро да станат родителите. Желбата конечно ќе им се оствари! Имено, Бехати е бремена веќе четири месеци, а се шпекулира дека идните родители веќе знаат дали ќе имаат ќерка или син.
Иако двајцата во своите интервјуа често зборувале дека сакаат големо семејство и многу деца, за последниот чекор се одлучиле по две години брак, кога Левин заврши со светската турнеја.
Бехати го воодушеви музичарот со својата убавина, но и со исклучителната смисла за хумор, a пред неа, Левин беше познат како голем заводник. Меѓутоа, долгоногата убавица успеа да го смири, па разузданиот рокер стана вистински семеен човек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.