Денес во англиската Премиер Лига во рамките на 30. коло се одиграа три натпревари од предвидените седум. Останатите четири се одложени поради ФА купот.
Манчестер Сити не ја оправда улогата на фаворит на гостувањето кај Норвич. Дуелот измеѓу „канаринците“ и „граѓаните“ заврши со поделба на бодовите, откако двете екипи не постигнаа погодок и завршија со најнепопуларниот резултат, 0-0.
Агуеро во неколку наврати имаше шанса за гол, но не успеваше да ја затресе мрежата на домашната екипа. На другата страна Патрик Бамфорд во финишот на првото полувреме ја имаше можеби најсериозната шанса за гол, но неговиот шут заврши во пречката од голот.
Во продолжение Норвич успешно ги одбиваа нападите на „граѓаните“, а дури и имаа уште една одлична шанса преку резервистот Мбокани да им пресудат на гостите на пет минути пред крајот на натпреварот, но неговиот обид заврши покрај голот.
Норвич на крај заслужено дојде до еден бод против фаворитот, но сеуште останува во зоната на испаѓање на табелата, додека Манчестер Сити со ова реми значително си ги намали шансите за шампионската титула во Премиер Лигата.
Во другите два натпревари Бурнемут го совлада дома Свонси со 3-2, додека Стоук загуби на домашен терен од Саутемптон со 1-2.
Останатите натпревари од ова коло се одложени поради дуелите од четвртфиналето во ФА купот, кои исто се играат викендов.
Табела:
Лестер 60 бодови
Тотенхем 55
Арсенал 52
Манчестер Сити 51
Вест Хем 49
Манчестер Јунајтед 47
Саутемптон 44
Ливерпул 44
Стоук 43…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.