Во росоманското село Трстеник денеска беше осветен светиот крст на новоизградената црква “Свети Петар и Павле”, со чинот на осветување чиноначалствуваше митрополитот Повардарски, владиката Агатангел.
– Како и за сите христијани и за нас е убаво да имаме црква во селото. Црквата со градба ја започнавме во јуни 2014 година. Имаме црковен одбор кој се грижи за прилозите кои се даваат и како доаѓаат средствата така ја градиме. Досега немавме црква. Ние бевме село без црква. Тоа сакаме да го исправиме.Сакаме да имаме величествен храм .„Свети Петар и Павле“, ја градиме сите жители сложно, мислам дека нас не обедини изградбата, рече во изјава за медиумите Аце Миревски, претседател на месната заедница и додаде дека со години венчавките ги одржувале во Росоман, а погребите директно на гробишта.
Во своето обраќање до присутните, владиката Агатангел повика да си ја сакаме оваа наша татковина, да ја почитуваме, да се сакаме еден со друг и да имаме љубов.
-Утре е Прочка. Помладите да одат кај постарите. Братот и сестрата нека се сретнат и нека си простат – порача Агатангел.
Нагласи дека во оваа црква жителите ке си ги извршуваат сите духовни потреби затоа што, како што рече, во овие бурни времиња најпотребен ни е храмот.
Ктитор на црквата е Мирјана Атанасова со семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Ценовник од македонска црква предизвика лавина од негативни коментари
-
На овој голем празник сите верници доаѓаат во црквата полна со змии за да седат на нив