Крадец украл мобилен телефон од раката на жена која во моментот разговарала на него, потоа провалено е во куќи од каде се украдени пари и златен накит, а од основно училиште во Радовиш украдени се лап топ компјутери. Сево ова се случило за едно деноноќие, соопшти МВР.
Во петокот околу 19 часот во Скопје на ул.„Солунска“ Р.Б.(41) додека се движела непознат сторител од зад грб и се доближил и и го грабнал телефонот од рака со кој таа во моментот разговарала по што го напуштил местото на настанот.
Истиот ден, во Скопје на ул.„Сливовска“ непознат сторител со употреба на подесен алат насилно го отворил прозорот од кујната по што се качил и влегол во станот сопственост на В.Р.(62) и извршил тешка кражба при што одзел златен накит и 40 евра по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.
Во петокот пак, во Скопје на ул.„Милан Марковиќ“ непознат сторител откако влегол во станот каде како потстанар живеел Ј.М.(46) и извршил тешка кражба при што одзел 1.500 евра, 1.500 српски динари и документи по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 92.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.