На денешен ден пред пет години земјотрес со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот брег на Јапонија и предизвика цунами кое беше причина за несреќа во нуклеарната централа Фукушима.
Од тогаш нуклеарната централа е затворена, последиците се санирани, областа во радиус од 20 километри околу Фукушима и понатаму е без население.
Но, интересот на туристите не спласнува. Група од 10 волонтери, сега во улога на водачи им е на услуга на љубопитните Јапонци кои сакаат лично да ги прегледаат катастрофалните последици од некогашната несреќа.
Со дозиметри, за да се избегне подрачјето со висок степен на радијација, водичите имаат тури низ полињата каде што е забрането луѓето да се занимаваат со земјоделство. Во понудата е вклучена и посета на зградата во селото Намие, сместено 8 километри од централата, која се смета за премногу контаминирана за да се демолира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јапонците дури сега го пронашле осиромашениот ураниум од Фукушима (видео)
-
Вонредна состојба поради „Фукушима“: Протекува нуклеарно гориво, радијацијата предизвикува моментална смрт
-
Трошоците за расчистување на Фукушима зголемени на 190 милијарди долари
-
Тројца директори обвинети за хаваријата во „Фукушима“