Ѕвездата на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ е под голем притисок од неговата сопруга да се врати да игра фудбал во италијански Милан.
Швеѓанецот најави дека може да се врати во Милан само ако клубот обезбеди пласман во квалификациите за Лигата на шампионите, но сега приказната добива нова страница. Италијански „Кориере дело спорт“ пишува дека голгетерот е сериозно заинтересиран да се врати во Милано затоа што има секојдневен притисок од сопругата која е вљубена во градот. Напаѓачот кој има 34 години одби да коментира за неговатаа иднина и накратко изјави:
– Мојата сопруга ќе одлучи за тоа.
Ибрахимовиќ, кој го однесе ПСЖ во четвртфиналето на ЛШ, во два наврати настапуваше во Милано. Првпат тој беше дел од Интер (2006-2009), а потоа, од 2010 до 2012 го носеше дресот на Милан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.