„Ако сакаме да бидеме власт ќе влеземе тимски од хигиеничар до министер. Живи луѓе ќе јадеме“, рече еднаш Зоран Заев и остана жив во политиката. Денес неговите партиски послушници, преку шансата дадена од пријателите од надвор, на недемократски начин да станат власт под изговор дека ќе го „демократизираат општеството“, почнаа на големо да го реализираат тоа што „визионерот“ го зборуваше пред неколку години. Во обидот да го прикријат канибалскиот инстинкт на својот водач, а во исто време да се држат на безбедна дистанца од народот, упорно го опструираат организирањето избори и излегувањето на земјата од политичката криза. За таа цел, медиумите под контрола на опозицијата креираат нови и нови лаги и шпекулации, а институциите под контрола на СДСМ не работат ништо за нивно евентуално докажување. Сѐ додека има магла, Заев ќе се чувствува безбеден од народот.
Така, додека штабот на СДСМ и неговите медиуми создаваат атмосфера за изборни нерегуларности преку обвинувања за лажни лични карти, фантомски гласачи и евентуални измислени матични броеви, техничкиот министер за внатрешни работи го нема никаде да докаже барем еден таков пример. Во исто време, Спасовски ги користи целата енергија и капацитетите на министерството за создавање хаос во институцијата и за вработување партиски активисти на начин спротивен на законите, за што еден ден ќе треба да преземе кривична одговорност.
Специјалното обвинителство со сите сили се обидува да го одржува „Титаник“ актуелен во јавноста, но сѐ уште нема абер да приложи докази за сомневањата. Од ДИК, пак, место прецизни информации и упатства до граѓаните, добиваме нејасни списоци без никакво образложение со кое им се остави простор на медиумите под контрола на опозицијата да обвинуваат и да судат за изборни манипулации без докази, по сопствена воља и процена.
И додека министрите инсталираат партиски војници, Катица работи на принесување жртви, а ДИК отвора простор за манипулирање со изборниот процес, Соросовите перјаници наивно се обидуваат да го претстават СДСМ како жртва на системот, т.е. на сопствените министри и функционери.
Покажаа дека немаат намера шансата да станат власт преку ноќ, без дозвола од граѓаните, и да го преземат раководењето со најважните институции од кои зависи спроведувањето на изборите, но и безбедноста на државата, да ја искористат за демократизација на општеството и за промоција на некакви нови позитивни вредности, туку, напротив, ја злоупотребуваат за реализација на сопствената партиска агенда, која веќе неколку години се закануваат дека ќе ја спроведат веднаш штом ќе дојдат на власт. Повеќе од очигледно е дека веќе никого од раководството на партијата не го интересира да се дознае вистината, туку, напротив, подготвени се со сите сили да го спречат институционалното решавање на кризата. Затоа во општото лудило што владее меѓу приврзаниците на Заев силно се поттикнува леење крв по улици и јавно линчување луѓе без аргументи и докази. Наспроти тоа, се избегнуваат брзи и транспарентни постапки, со кои би ги се докажала нечија (не)одговорност и би се потврдиле, односно демантирале шпекулациите.
Повеќе од јасно е дека опозицијата, со помош на чадорот, врши системско уништување на сите државни институции, на судството, на економијата, на безбедноста… Ваквото однесување, ако се одложат изборите на 5 јуни, ќе доведе до целосен распад на општественото живеење.
Но, болната амбиција на Заев и на раководството на СДСМ да дојдат на власт без избори, со помош на криминалци и чадори, нема ниту теоретски шанси да се реализира на легитимен начин затоа што во последната фаза од уривањето на државата неизбежно ќе треба да се соочат со македонскиот народ. Таа битка досега не ја добиле и многу поголеми јунаци и многу подобри стратези, а не, пак, вакви ликови.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Помирување, со цел промена на името и Уставот на Република Македонија, не е прифатливо
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?