Историскиот пад на невработеноста во Република Македонија на 24,6 проценти е резултат на реализација на Програмата и на ветувањата дадени кон македонскиот народ за намалување на невработеноста која што е една од најважните приоритети на Владата.
Ова го изјави денеска премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев по денешната средба со раководството на Агенцијата за вработување и раководителите на центрите за вработување.
За само година, потенцира Димитриев, невработеноста е намалена за три проценти и се отворени повеќе од 20.000 работни места на ниво на држава.
– Ова е голем успех за сите институции кои се вложија во реализацијата. Намалувањето на невработеноста е резултат на повеќе реализирани мерки и политики на Владата. Повеќе институции беа вклучени во оваа активност, но најзаслужна е Агенцијата за вработување, рече Димитриев, кој на средбата им честитал на раководителите на одделенијата за вработување за вложениот труд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.