Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ наскоро ќе биде категоризиран и ќе се здобие со назнаката фестивал од Б-категорија.
– Добивањето со потврдата интернационален фестивал од Б-категорија ќе значи вклучување на ИФФК „Браќа Манаки“ во редот на меѓународни филмски фестивали што се одржуваат во Анже-Франција, Анталија-Турција, Хелсинки-Финска, Санта Барбара-САД, Корк-Ирска, Севилја-Шпанија и уште педесетина други фестивалски центри во Светот – изјави Димитар Николов, директор на „Браќа Манаки“.
– Годинешното фестивалско издание во Битола ќе биде набљудувано од посебен тим на ФИАПФ, односно асоцијација во која членуваат претставници на 27 водечки држави од светот од сферата на аудио-визуелната продукција задолжени за регулација на интернационалните фестивали. Тие треба да донесат одлука за категоризација на фестивалот. Тоа пак ќе овозможи во секое време да се биде на официјалната листа на меѓународните филмски фестивали од Б-категорија и да се отворат уште многу други врати и видици за ИФФК „Браќа Манаки“ – Битола – потврди Николов, кој веќе разговарал со Беноа Жинисти, директор на ФИАПФ.
Филмските фестивали во светот се поделени во две категории А во која, меѓу другите, се фестивалот во Кан-Франција, Берлин-Германија, Карлови Вари-Чешка, Венеција-Италија и други, и во Б-категорија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
39. издание на ИФФК „Браќа Манаки“: Квалитетна филмска програма и големи имиња на светската кинематографија во Битола
-
Димитар Николов-Таки: ДФРМ и Агенцијата за филм имаат за цел да создадат лажна слика дека основниот претставник на филмските професионалци
-
Фестивалот „Браќа Манаки“ до Лабина Митевска: Изненадени сме од незадоволството искажано во медиумите од страна на продуцентката
-
Филмот „Забава“ на Сали Потер и кинематограферот Алексеј Родионов пред битолската публика