| четврток, 6 декември 2018 |

Шестмина обвинети во „Ќелија“ признаа дека врбувале за ИД

На денешната јавна седница за оцена на обвинителниот акт за случајот „Ќелија“, шестмина од вкупно 11 обвинети, кои се осомничени дека се бореле на страната на Исламска држава во Сирија и врбувале и индоктринирале македонски државјани за учество во паравоените структури, ја признаа вината.

kelija

Првоосомничениот, оџата Мемиш Р., потоа Фазли Суља, Мухамед Шеху, Сејфула Едемовски, Ахмет Дарлишта и Ресуљ Саити се изјасниле дека се чувствуваат виновни, а Судот ги упати со обвинителството да се спогодат околу нивната казна.

Акцијата „Ќелија“ беше спроведена на 6 август минатата година. Според тогашните информации на Министерството за внатрешни работи, Скопје било главното упориште на лицата што од Македонија организирале и ангажирале војници во странски паравоени формации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top