| четврток, 6 декември 2018 |

Рецепта за напивка која го чисти црниот дроб, го спречува ракот и го регулира притисокот

Руската традиционална медицина смета дека квасот од цвекло е  најдобриот медицински лек за хипертензија, поради тоа што го нормализира крвниот притисок на подолг временски период.

cvekla-salata

За подготовка на лековитиот квас од цвекло ќе ви биде потребно:

*Стаклена тегла од 3 литри

-700 грама цвекло

*2 лажици брашно

*200 грама шеќер

-100 грама суво грозје

Подготовка: Свежо измиеното  цвекло исечкајте го на коцки или тенки ленти и наредете го во тегла. Додадете суво грозје, 2 лажици брашно и 200 грама шеќер. Теглата наполнете ја со ладна зовриена вода и измешајте. Потоа затворете  ја теглата со пластичен капак  или уште подобро завиткајте со дупла газа (за да дише квасот) и оставете на топло место 6 – 7 дена за да ферментира.

Два пати дневно мешајте ја содржината на теглата и по потреба чистете ја пењата. По 7 дена смесата процедете ја низ газа и ќе добиете квас од цвекло. Пијте по 3 – 4 супени лажици дневно пред јадење. Квасот чувајте го во фрижидер.

Испијте го целиот квас и на тоа се завршува првата фаза на чистењето на црниот дроб. Направете пауза од 3 месеци и повторете го третманот. Повторно пауза од 3 месеци и третманот повторете го по трет пат. По година дена вашиот црн дроб ќе биде потполно чист.

Оваа метода ја применуваат лекарите во некои болници во Киев и Луганс поради тоа што покажала одлични резултати не само кај чистењето на црниот дроб, туку и за целиот организам како и одлично средство за хипертензија и атеросклероза.

Постојат и контраиндикации: Квас не се препорачува на лица кои имаат проблеми со бубрезите и лица со низок притисок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top