Руската традиционална медицина смета дека квасот од цвекло е најдобриот медицински лек за хипертензија, поради тоа што го нормализира крвниот притисок на подолг временски период.
За подготовка на лековитиот квас од цвекло ќе ви биде потребно:
*Стаклена тегла од 3 литри
-700 грама цвекло
*2 лажици брашно
*200 грама шеќер
-100 грама суво грозје
Подготовка: Свежо измиеното цвекло исечкајте го на коцки или тенки ленти и наредете го во тегла. Додадете суво грозје, 2 лажици брашно и 200 грама шеќер. Теглата наполнете ја со ладна зовриена вода и измешајте. Потоа затворете ја теглата со пластичен капак или уште подобро завиткајте со дупла газа (за да дише квасот) и оставете на топло место 6 – 7 дена за да ферментира.
Два пати дневно мешајте ја содржината на теглата и по потреба чистете ја пењата. По 7 дена смесата процедете ја низ газа и ќе добиете квас од цвекло. Пијте по 3 – 4 супени лажици дневно пред јадење. Квасот чувајте го во фрижидер.
Испијте го целиот квас и на тоа се завршува првата фаза на чистењето на црниот дроб. Направете пауза од 3 месеци и повторете го третманот. Повторно пауза од 3 месеци и третманот повторете го по трет пат. По година дена вашиот црн дроб ќе биде потполно чист.
Оваа метода ја применуваат лекарите во некои болници во Киев и Луганс поради тоа што покажала одлични резултати не само кај чистењето на црниот дроб, туку и за целиот организам како и одлично средство за хипертензија и атеросклероза.
Постојат и контраиндикации: Квас не се препорачува на лица кои имаат проблеми со бубрезите и лица со низок притисок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.