Српската актерска легенда Драган Николиќ почина во 73. година од животот, по долга и тешка болест, објавија српските медиуми.
Доајенот на српското глумиште се родиил 1943 година во Белград. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград, а филмската кариера а почнал во 1964 година.
Николиќ оттогаш глумел во многу филмови од различни жанрови и различни карактери, станувајќи еден од иконски препознатливите актери во српското кино. Од сите негови улоги веројатно е најпозната улогата на Прле, борец за одбрана во Втората светска војна, кој го прикажал во култните ТВ-серии од 70-тите, „Отпишани“ и „Враќање на отпишанитте“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.