| четврток, 6 декември 2018 |

Бегалците ќе го напуштат Идомени за една до две недели

idomeni kamp

Бегалците доброволно ќе го напуштат Идомени за една до две недели и ќе се преместат во еден од организираните прифатни центри, изјави портпаролот на грчкото Координативно тело за бегалската криза Ѓоргос Кирицис.

Тој рекол дека полицијата нема да ги трга бегалците, но додаде дека ќе биде потребно некое време тие да бидат информирани со оглед на тоа дека се исцрпени и уморни, како и дeка добиваат спротивставени информации, пренесува грчката агенција АНА.

Веруваме дека за недела или две Идомени ќе биде испразнет, додава Кирицис.

Тоа, исто така ќе биде поврзано со некој вид на договор кој ЕУ ќе го направи со Турција, вели тој. Ние нема да ги собираме бегалците, а освен тоа не сакаме полициска операција. Ние немаме таква опција.
Тој додава дека наместо тоа, властите ќе ги охрабруваат да влезат во автобуси со кои ќе ги превезат до подобри услови за живот, пренесува АНА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top