Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. Локално ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 9 до 16 степени.
Во Скопје, ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
Утре попладне и во недела под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи од дожд, кои на повеќе места се очекува да бидат обилни (локално над 30 л/м2). Променливо облачно ќе биде и во почетокот на наредната недела, но врнежите ќе бидат локални и со послаб интензитет. Ќе дува и умерен до засилен северен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.