Театарот за деца и младинци со претставата „Бескрајни соништа“ во режија на Боњо Лунгов од 10 до 14 март ќе учествува на 10-от Меѓународен театарски фестивал за кукларство во Измир, Турција. Се работи за еден од најголемите театарски фестивали посветен на професионалниот театар за деца и кукленото мајсторство, на кој годинава ќе учествуваат над 40 театри од светот.
– Посебна гордост и чест е што и нашиот театар се најде на листата најдобри светски театри кои ќе учествуваат на овој фестивал и тоа со четири изведби на претставата „Бескрајни соништа“ во централните термини во програмата на фестивалот, информира Театарот за деца и младинци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.