Кратко, концизно и сосема вистинито.
Овен – вие сте мајстори за ненадејни и сосема неочекувани промени на расположението. Вашите промени на емоциите може да бидат мошне непријатни и насилни.
Бик – вие сте неподносливи во љубовна врска. Ако некој умее да го удави партнерот со паранои и грижи тогаш тоа сте вие!
Близнаци – како што вели и вашето име, вие сте дволични. Одберете една личност и обидете се такви да истраете барем еден ден.
Рак – само престанете да плачете веќе еднаш, ве молиме!
Лав – лавовите сосема недостоинствено постојано копнеат по одобрување и пофалби од околината. Пораснете и прекинете да очекувате аплауз за секоја акција која ќе ја преземете во животот.
Девица – ако сакате пријател кој обожува да озборува, кој има хорор вкус по прашање на речиси се, Девицата е човекот на вас.
Вага – за вас имаме една вест. Не можете секогаш и секаде да бидете главни. Оставете ги другите да мислат со своја глава.
Шкорпија – агресивни сте кога е во прашање решавање на секојдневните проблеми, немате трпение и сакате се веднаш да биде решено, а често прибегнувате и кон насилство.
Стрелец – земете длабок здив и тргнете се од тоа огледало. Сите знаеме дека очајно сте вљубени во себе си. Како би било за промена да се вљубите во некој друг?
Јарец – вие сте кралот на здодевноста. Тргнете се малку, раздвижете се ете чисто да знаеме дека сте живи.
Водолија – социопати. Тоа е се што имаме да ви кажеме.
Риби – ако некој до хороскопските знаци заслужува да го сожалуваат, тогаш тоа се Рибите. Тешко им е да се засакаат и прифатат самите себе си, а притоа се и големи кукавици. Се ќе биде во ред со вас, не грижете се.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.