| четврток, 6 декември 2018 |

Директно во лице: еве ја вистината зошто вашиот хороскопски знак е ужасен

Кратко, концизно и сосема вистинито.

175-2y5hx4xu0vujk69jfrj3ls

Овен – вие сте мајстори за ненадејни и сосема неочекувани промени на расположението. Вашите промени на емоциите може да бидат мошне непријатни и насилни.

Бик – вие сте неподносливи во љубовна врска. Ако некој умее да го удави партнерот со паранои и грижи тогаш тоа сте вие!

Близнаци – како што вели и вашето име, вие сте дволични. Одберете една личност и обидете се такви да истраете  барем еден ден.

Рак – само престанете да плачете веќе еднаш, ве молиме!

Лав – лавовите сосема недостоинствено постојано копнеат по одобрување и пофалби од околината. Пораснете и прекинете да очекувате аплауз за секоја акција која ќе ја преземете во животот.

Девица – ако сакате пријател кој обожува да озборува, кој има хорор вкус по прашање на речиси се, Девицата е човекот на вас.

Вага – за вас имаме една вест. Не можете секогаш и секаде да бидете главни. Оставете ги другите да мислат со своја глава.

Шкорпија – агресивни сте кога е во прашање решавање на секојдневните проблеми, немате трпение и сакате се веднаш да биде решено, а често прибегнувате и кон насилство.

Стрелец – земете длабок здив и тргнете се од тоа огледало. Сите знаеме дека очајно сте вљубени во себе си. Како би било за промена да се вљубите во некој друг?

Јарец – вие сте кралот на здодевноста. Тргнете се малку, раздвижете се  ете чисто да знаеме дека сте живи.

Водолија – социопати. Тоа е се што имаме да ви кажеме.

Риби –  ако некој до хороскопските знаци заслужува да го сожалуваат, тогаш тоа се Рибите. Тешко им е да се засакаат и прифатат самите себе си, а притоа се и големи кукавици. Се ќе биде во ред со вас, не грижете се.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top