Програмата за практиканти секогаш претставува можност за учење и за напредување во градењето на кариерата. Практикантите најчесто подоцна стануваат дел од тимот на компанијата во која се обучувале.
-Програмата што активно ја спроведуваме и ја развиваме во ОКТА претставува одлична можност за студентите да се стекнат со нови професионални вештини и знаења. Како една од најголемите компании во земјава, сметаме дека преку организирање на вакви општествено одговорни иницијативи им помагаме на студентите да се подготват за предизвиците што ги очекуваат по завршување на академското образование. Кај нас, практикантска програмата покажа дека стекнатото искуството во една меѓународна компанија ги прави посамоуверени, а со тоа и поконкурентни на пазарот на труд“ – изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации на компанијата.
Од големиот број пријавени студенти во последниот циклус на програмата, беа избрани најдобрите кои беа ангажирани во тримесечна практика во компанијата. На оние кои покажаа исклучителни вештини и желба за понатамошен професионален развој им беше продолжен договорот, по што беа задржани во компанијата.
-Отсекогаш сонував да работам во голема компанија. Кога се пријавив за програмата, идејата ми беше да се стекнам со искуство кое ќе ми овозможи практично да го применам моето академското знаење, да научам да се соочувам со секојдневните работни задачи и обврски. Теоријата и практиката се две сосем различни нешта, и затоа сметав дека ваков тип практика ќе ми овозможи значајно искуство. Сега мојот сон стана реалност и затоа им порачувам на сите студенти да не се откажуваат од своите соништа – вели Жаклина Кузманова, една од вработените практиканти.
Програмата продолжува за студенти кои се последна година од нивните додипломски студии, како и на магистерски студии од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Економскиот, Правниот, Градежниот, Технолошко-металуршкиот Факултет, Факултетот за Електротехника и Информациски технологии и Природно-математичкиот факултет, како и студентите на приватниот универзитет „Американ Колеџ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.