| четврток, 6 декември 2018 |

Инлер: Имав понуди од многу тимови, но сакав да останам во Лестер

gokan inler

Англискиот премиерлигаш Лестер игра фантастично оваа сезона, и се наоѓа на врвот на табелата во Премиер лигата на девет кола до крајот со пет бодови предност пред конкурентите. Додека овој клуб ја живее својата бајка, играчот на „лисиците“ Швајцарецот Гокан Инлер преживува „пекол“, затоа што досега забележа само десет настапи за овој тим. Знаејќи за каков квалитетен играч станува збор, делува фрустрирачки, а и самиот е разочаран од ситуацијата во која се наоѓа.

– Имав неколку понуди во јануари, но, решив да останам во клубот. Од тој момент, немаше место за мене во тимот. Не ми е драго, затоа што се ближи Европското првенство, и во критична ситуација сум. Им реков „не“ на Вест Хем, Сандерленд и на Шалке, со цел да останам во тимот на Лестер. Повторно би го направил истото. Нема да побегнам, и да се откажам од клупскиот проект, сакам предизвик и го имам пред себе – изјави Инлер.

Тој играше на врвно ниво додека ги бранеше боите на Наполи, а во Лестер дојде од Удинезе во 2011 година за сума од 13 милиони евра, како едно од најголемите засилувања. Се очекуваше дека исти игри ќе прикажува и во Лестер, меѓутоа падна во втор план поради одличните партии на Н’Голо Канте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top