Оскаровецот Леонарди ди Каприо (41) има постар полубрат кој за разлика од Лео и тоа како е проблематичен.
Лео бил немирен како млад, но неговиот брат Адам Фарар (44) никако не се смирува.
Извор близок до семејството кажал за светските медиуми дека Адам е доста проблематичен и дека семејството нема трпение за неговото однесување. Тој кон крајот на јануари заедно со неговата девојка извршил кражба во вредност поголема од 1 000 долари, а не се појавил на неодамнешното договорено рочиште каде требало да му се суди за кражба по што била распишана потерница по него.
Дека во нивните вени тече иста крв зборува и тоа што Адам имал ангажмани како актер во минатото, но поради дрога и проблеми со законот неговата кариера е прекината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Градоначалникот на Прилеп го нема 7 дена: Додека Јовановски шета по Европа, градот пропаѓа (видео)
-
Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ праша: Зошто нема потерница по убиецот на Мартин Јанушев?
-
Ди Каприо ручал во ресторан за бездомници
-
Сноуден бара помилување, Пентагон го бара со потерница „озлогласен шпион“